Марсело по 15 години го напушти Реал и си најде неочекуван ангажман

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело го избра грчкиот Олимпијакос како нова дестинација по заминувањето од Реал Мадрид ова лето.

Марсело мина 15 години во Реал Мадрид, каде се здоби со статус на апсолутна легенда. Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“ освои се што може да се освои во светот на фудбалот, вклучително и пет титули во Лигата на шампионите.

Сепак, на 35 години дојде време да се збогува, но тој реши да остане во Европа бидејќи верува дека има уште што да понуди. Бразилецот одговори на повикот од Грција и ќе го носи дресот на Олимпијакос.

Славниот грчки клуб не влезе добро во новата сезона и затоа ја искористи можноста да го ангажира Марсело од кого очекуваат многу на теренот и надвор од него.
Марсело потпиша едногодишен договор со Олимпијакос со опција за продолжување на уште една сезона доколку двете страни бидат задоволни.

Олимпијакос доцна синоќа на своите социјални мрежи ја потврди големата „бомба“. Во текот на летото, откако го напушти Реал, се споменуваа бројни клубови кои сакаа да го доведат Бразилецот, но на крајот најмногу среќа имаше грчкиот клуб.

Претходна Картагина – градот на Ханибал
Следна Мистериозен нуклеарен реактор од Кина може да напојува десет вселенски станици

Награден напис

НБА екипа на продажба

Професионалниот кошаркарски тим во НБА, Феникс Санс лани играше во големото финале на плеј-офот и …

Volkswagen ID Buzz Cargo ја освои наградата за комбе на годината за 2023 година

На Volkswagen ID Buzz Cargo му беше доделена престижната индустриска награда „Меѓународно комбе на годината …

Забрането е копирање на текст!