Фудбалерот на Челзи, Маркос Алонсо е се поблиску до преселба во Барселона.
Барселона сака да го искористи фактот што Челзи го доведе Марко Кукурела, а сега лондонскиот клуб има тројца играчи на позицијата лев бек.
Алонсо минатата година беше во сенка на Бен Чилвел, а со доаѓањето на Кукурела јасно е дека ќе има уште помала минутажа и затоа сака да го напушти клубот.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Барселона и Челзи преговараат за последните детали, а трансферот ќе биде вреден околу 10 милиони евра.