Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира изгледот на својот примерок. За да покаже што е можно, Mansory објави „фотографии“ од пример во променлива нијанса на Fludium Paint Chrome Atmosphere.
Тјунерот ја започна својата работа со отстранување на вратите на стандардната G-Class, потоа ја пресече каросеријата и го помести столбот Б наназад. Ова бараше поставување на подолги стаклени панели долж страните бидејќи Ц-столбот го нема.

Конверзијата, исто така, ги премести точките за монтирање на вратите кон столбот Б, така што тие се отвораат во спротивна насока од повеќето возила, а тоа вклучува и преместување на шарките и рачките.
Каросеријата доби предна маска со интегрирани жолти светла, хауба со изразен отвор кој изгледа како да е од карбонски влакна, а дополнително осветлување е сместено на предниот дел од покривот. Исто така, назад е задното крило.

Доколку клиентот го сака тоа, Mansory може да направи и блиндирана верзија на G-Class.
Внатрешноста нуди и избор на тапацир и различни детали. Во овој случај станува збор за бела кожа со златни детали, додека темните делови го прават ентериерот да не е монотон. Предните седишта се преклопуваат нанапред за да се овозможи пристап до задниот дел.

Mansory нагласува дека и покрај сите направени промени, G-Class ја задржува целата безбедносна технологија на Mercedes.
Моторот исто така е надграден така што сега развива 900 КС и 1.200 Nm вртежен момент. SUV забрзува од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди и достигнува максимална електронски ограничена брзина од 250 km/h.

Ова е втора „преобразба во купе“ на Мансори во последно време. Во јануари беше претставен Venatus Coupe Evo C, кој изгледа како Lamborghini Urus, но без задните врати. Планот е да се произведат само осум примероци.

