Мали совети за тоа како гумите на автомобилот да ви траат подолго

Ако сакате гумите на автомобилот да ве служат подолго мора да се придржувате до неколку основни правила. Грижата за пневматиците е првенствено за сигурност, а потоа за подобри перформанси и заштеда на пари.

  • Потрудете се секогаш гумите да се правилно напумпани. Ова е едно од најважните правила. Недоволниот притисок во автомобилските гуми го намалува дозволеното оптоварување и го зголемува отпорот што го создаваат пневматиците. Од друга страна пак, преголем притисок во гумите создава иритирачки вибрации при возењето.
  • Честа проверка на состојбата на гумите. Сè што треба е да ги проверувате гумите за можни оштетувања, како пукнатини или вдлабнувања. Најмалото оштетување може да влијае на квалитетот на возење.
  • Избегнувајте да “шлајфувате” непотребно. Ова го струга површинскиот слој на гумите и ги оштетува.
  • Одржувајте ги гумите чисти. Со тоа се продолжува нивниот век и имате увид во каква состојба се.
  • Ротирајте ги гумите на одреден период. Ротирањето е битно колку и менувањето на маслото во моторот. Така ќе постигнете еднакво абење.
  • Користете соодветни гуми за летна и зимска сезона. Соодветниот тип на гуми за летен и зимски период постигнува стабилно и сигурно возење со вашиот автомобил. Соодветната гумена структура постигнува максимум само ако соодветно се користи.
Претходна Нов рекорд – најголемата зграда испечатена со 3Д печатач е во Дубаи
Следна Alex Christensen & The Berlin Orchestra – Infinity

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!