Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната во Формула 1, зголемувајќи ја предноста во генералниот пласман.

Иако беше само деветти на вчерашните квалификации, актуелниот шампион брзо се проби на напред и со уште едно маестрално возење оствари нов триумф, вкупно 38-ми во кариерата.

Иако вчера ја освои пол-позицијата Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул), на крајот мораше да се задоволи со второто место, а трет беше Фернандо Алонсо во Астон Мартин.

Џорџ Расел заврши како четврти, оставајќи го зад себе Карлос Саниз од Ферари.

На крајот рекордниот светски шампион Луис Хамилтон мораше да се задоволи со шестото место, а седми беше Шарл Леклер.

Претходна Audi RS7 од Power Division забрзува подобро од Veyron
Следна Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!