Луѓето што се во врска се здебелуваат во просек по 16 килограми

  •  

Љубовта носи радост и среќа, но и неколку килограми повеќе. Ова го открило истражувањето кое опфатило 2000 луѓе во врска, кои се здебелиле во просек по 16 килограми откако почнале да излегуваат со партнерот. Од тие 16 кг, 8 кг добиле само во првата година од врската.

Дури 69% од мажите и 45% од жените изјавиле дека се здебелиле. За оваа “љубовна тежина” 41% од испитаниците ги обвинуваат честите излегувања во ресторани во првата година од врската, а 34% заедничкото готвење дома.

Испитаниците (64% од нив) изјавиле дека пријатно се чувствуваат во врската и дека не чувствуваат притисок да изгледаат најдобро. Според резултатите, ова чувство се појавува во просек по година и пет месеци. Поединците на возраст од 18-25 години во таа фаза на удобност влегуваат нешто порано, односно после 10 месеци, додека пак лицата што имаат меѓу 45 и 54 години им треба дури година и половина за да почнат така да се чувствуваат.

Уште една причина за таложење на килограмите е стапувањето во брак. Речиси 57% од испитаниците изјавува дека се здебелиле 8 кг во првата година од бракот. Мажите проценуваат дека тежеле двојно повеќе од нивните сопруги во првата година од бракот.

Според анкетата, до зголемување на тежината доаѓа во првите пет години од бракот. Најголема причина поради која луѓето не внимаваат повеќе на своето тело е основањето на семејство (42%).

Сепак, поголемиот број од нив се обидуваат да ослабат. Педесет и пет проценти од испитаниците изјавуваат дека успеале во тоа во текот на изминатата година, а просечниот испитаник ослабел 7 кг во текот на изминатите 365 дена.

Од друга страна, партнерите се и најдобри мотиватори. Педесет и два проценти од испитаниците вежбаат заедно со партнерот, а 60% се хранат здраво во пар.  Четириесет проценти од испитаниците го прават и едното и другото.

Заедничкото вежбање и здравата исхрана имаат подобри предности, бидејќи оние кои слабееле заедно со партнерот имале два пати поголема веројатност да ослабат отколку оние кои слабеат сами, а првите исто така и изјавиле дека се среќни и задоволни од релацијата со партнерот.

Губењето на партнерот е уште еден мотиватор за слабеење, со 21% кај мажите и 14% кај жените.

Копирањето на содржината е забрането!