Завршија првите три денешни осминафинални натпревари на Вимблдон, а Ник Киргиос, Тејлор Фриц и Кристијан Гарин се пласираа во четвртфиналето.
Првиот натпревар на програмата донесе првокласна сензација. Кристијан Гарин (43. АТП) сензационално стигна до четвртфиналето победувајќи го носителот Алекс Де Минаур.
Освен што Де Минаур е многу пореномиран и подобар тенисер, многу подобро се снаоѓа на трева од Гарин, па изненадувањето е уште поголемо. Гарин славеше по големиот пресврт со резултат 3:2, по сетови 2:6, 5:7, 7:6, 6:4 и 7:6.
Чилеанецот стигна до првото Грен слем четвртфинале во кариерата откако спаси две меч топки и намести дуел против Ник Кирјиос.
Киргиос штотуку го совлада Брендон Накашима со 3:2 во одличен натпревар. Резултатите беа 4:6, 6:4, 7:6, 3:6 и 6:2 во сетови.
„Лудиот“ Австралиец го продолжи маршот кон голем грен слем резултат, а во четвртфиналето ќе игра против Гарин. Доколку помине, најверојатно ќе игра против Рафа Надал и би требало да биде вистински спектакл во полуфиналето.
Рафаел Надал го дозна потенцијалниот противник доколку се пласира во четвртфиналето. Таму го чека Американецот Тејлор Фриц кој го совлада Џејсон Кублер со 3:0 во сетови (6:3, 6:1 и 6:4).