Лондонскиот музеј Хорниман ќе и врати на Нигерија 72 артефакти кои биле украдени од Кралството Бенин во 19 век. Сопственоста на артефактите ќе биде доверена на нигериската влада.
Вкупно 72 артефакти ќе бидат вратени во Нигерија, вклучително и 12 месингани чинии познати како Бенински бронзи, месинган петел и клуч од кралската палата. Враќањето уследи по барање на нигериската национална комисија за музеи и споменици.
Музејот, кој се наоѓа во југоисточен Лондон, рече дека одлуката е донесена по консултации со заедницата, посетителите, учениците, научниците, експертите за наследство и уметниците од Нигерија и Велика Британија. Тие рекоа дека враќањето на предметот е морален потег.
„Постојат јасни докази дека овие предмети се добиени насилно, а надворешните консултации го поддржаа нашиот став дека е морално и соодветно да се врати сопственоста на предметите на Нигерија“, рече Ева Салмон, директорка на музејот.