Лимузината на Путин ѝ се претстави на Европа

Ролс Ројс и Мајбах добија сериозна конкуренција.

Руската компанија Аурус со финансиска помош од руската држава се претстави на саемот во Женева и реши директно да ги нападне Ролс Ројс и малку подзаборавениот Мајбах на нивен терен.

Лимузината во која Путин има голема доверба ќе ги нуди своите удобности и квалитети на европскиот пазар. Целиот луксуз ќе им биде на располагање на луѓето што ќе можат да си го дозволат тоа.

Aurus Limousine L700 е поголемата верзија со должина од 6,63 метри и ширина од 4,3 метри, додека Aurus Senat S600 е помалиот автомобил со 5,63 метри должина и 3,3 метри ширина.

Во двете верзии луксузот е на највисоко ниво. Доминираат кожа, дрво, посебно изработени метални додатоци, а доминира и големиот дисплеј со солиден инфотејмент.

Под хаубата има 4,4 литрен V8 мотор со хибриден концепт, 598 кс и 880 Нм. Од 0-100 помалиот Senat S600 постигнува за околу 6 секунди, додека блиндираната верзија Limousine L700 за 9 секунди. Преносот е на сите тркала со менувач со 9 степени на пренос.

Претходна Меси е повреден! Моменти на страв во Барселона
Следна Bajaboard Pantera – лудиот електричен скејтборд

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!