Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Марко ван Бастен започна бројни дебати со изјавата дека Лионел Меси е во Топ тројката фудбалери на сите времиња.
Многумина го сметаат Лионел Меси за најдобриот фудбалер што светот некогаш го видел. Впрочем, така велат седумте златни топки, кои поставија рекорд кој тешко некој ќе го достигне.
Сепак, меѓу нив не е Марко ван Бастен. Во интервју за Франс Фудбал, легендарниот напаѓач на Милан и Ајакс истакнува дека Меси не е меѓу првите тројца.
“Пеле, Марадона и Јохан Кројф се најдобрите фудбалери на сите времиња. Како дете сакав да бидам како Кројф. Тој ми беше пријател и ми недостига. Пеле и Марадона беа навистина неверојатни”, изјави Ван Бастен.
Славниот Холанѓанец беше прашан за Лионел Меси, а потоа објасни зошто не го смета за член на најдоброто трио на сите времиња.
„Меси е исто така одличен играч, но Марадона отсекогаш даваше повеќе од себе на тимот. Меси не е тој што се става себеси во првите редови за да оди во војна“, додава Ван Бастен.
Легендарниот напаѓач, кој го водеше можеби најдобриот тим на Милан кој некогаш сме го виделе, додаде дека не смее да ги заборави ниту Зинедин Зидан, Мишел Платини или Кристијано Роналдо, но дека споменатата тројка е уште напред.