Кој има поголем фетиш за праќање експлицитни фотографии? Жените или мажите?

  •  

Најновото истражување кое го спровела Морган Џонстонбау, докторантка на Универзитетот во Аризона, треба да одговори на повеќе прашања: што ги мотивира младите луѓе да праќаат експлицитни фотографии и пораки, и постои ли разлика за тоа кој праќа повеќе, мажите или жените.

Општоприфатениот назив за оваа појава е секстинг.

Најчестата причина за ова е да се возбуди партнерот од другата страна на разговорот, а според испитаниците 73 % од жените и 67 % од мажите признале дека имаат секстинг.

Четириесет отсто од мажите и жените рекле дека го прават тоа на барање на другиот учесник.

“Се чини дека мажите чувствуваат некој вид на притисок од страна на жените кога ќе побараат експлицитна содржина”, со изненадување изјавува Морган Џонстонбау.

Жените дури четири пати повеќе отколку мажите праќаат експлицитни фотографии или пораки за да го задржат интересот кај другата страна и да спречат нивните партнери да гледаат такви содржини од други лица.

Копирањето на содржината е забрането!