Концепт кој ќе ја смени досегашната перцепција за патнички авион

Холандската авиокомпанија КЛМ финансира нов концепт на авион, кој ќе го смени обликот и конфигурацијата на досега познатите авиони.

Импресивниот Flying-V авион има пречник на крилата како и досегашните стандардни авиони, а овозможува доволно простор за 314 патници.

Името го добил според легендарната гитара на Gibson Flying-V, на која свиреле најголемите рок легенди како Хендрикс, Еди Ван Хален и Кит Ричардс.

Концептот на овој авион е развиен од научниците на Технолошкиот универзитет Делфт во Холандија. Се очекува авионот да троши барем 20 % помалку гориво од актуелните авиони, а во неговите крила ќе се сместуваат патници и товар.

Моторите ќе бидат поставени на задниот дел од авионот, а дизајнот драстично ќе го намали отпорот на воздухот и емисијата на гасови.

Според големината, ова летало ќе биде во класата на Airbus A350 и Boeing 787, и со самото тоа ќе може да ја користи постоечката инфраструктура. Ширината на авионот ќе биде 65, должината 55 метри, а неговата внатрешност има голем потенцијал за конфигурирање на седишта и простории.

Претходна Барселона се пофали со дизајнот на нивните дресови за сезоната 2019/2020
Следна Желбата да го имате технолошкото чудо Apple Mac Pro – ќе ве чини над 33 000 долари

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!