Концептот "Smart Forease"

Smart, следната недела на Саемот на автомобили во Париз, ке го прослави својот дваесетти роденден, а за таа пригода ќе го претстави својот нов концепт наречен “Forease”.
Изгледа како да е автомобил од иднината, кој сепак има поврзаност со минатото. Тоа е потполно електричен автомобил кој го карактеризира отвореност и минималистички стил кој го има од порано, пред сè се мисли на Crossblade од 2001 година и Fourspeed од 2011 година.
Со пократко ветробранско стакло и отсуство на кров, “Forease” би можел да биде најмалиот роудстер на пазарот. Како и сите модели на Smart, концептот примарно е развиен за градска употреба, и има неколку подобрувања во однос на “ForTwo”. Како за пример, рачките се засечени во вратата, вентилациските отвори во внатрешноста се заменети со два екрана. Позади седиштата се наоѓа заштитата при превртување.
Концептот е базиран на продукцискиот “Smart EQ ForTwo” кабрио, што значи дека е во возна состојба и дека во потполност го преземал електричниот погон.
“Forease” ќе биде изложен на Саемот на автомобили во Париз од 2 октомври.

Претходна BMW серија 3 (седма генерација)
Следна Мурињо: сетете се на минатата сезона, мислам дека беше фантастична

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!