Кондом што се подмачкува на допир

  •  

Истражувачите со најава дека пронашле начин да произведат кондом што ќе се подмачкува со допир. Кондомот ќе биде изработен од латекс кој сам ќе се подмачкува со допир, благодарение на посебно дизајниран издржлив слој кој ќе трае во текот на целиот секс.
Тимот што работи на ова истражување е поддржан од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
Научниците изјавуваат дека овие кондоми ќе ја зголемат привлечноста за користење, а со тоа и за заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост.
Општо е позната информацијата дека без лубрикант, сексот со кондом знае да биде болен, а и дека постои опасност да се скине. Иако е многу корисно заштитно средство, многумина баш и не го сакаат, не го употребуваат, а со тоа се изложуваат и себеси и партнерот/партнерката на несакани ситуации. Генерално кондомите се со веќе аплициран лубрикант, но тој најчесто не е доволен и по кратко време знае да се исуши, а додатно лубрицирање подразбира прекинување на сексот за да се аплицира уште лубрикант.
Научниците тврдат дека кондомот на кој работат е така дизајниран што кога ќе дојде во допир со телесните течности сам се подмачкува, и дека со тоа ќе се избегнат компликациите кои се случуваат со обичните кондоми.
Во текстот наведен во магазинот Royal Society Open Science, е наведено дека таквите кондоми издржуваат 1000 пенетрации во текот на сексуален однос без да ја изгубат лубрикантноста.
При тестирањата што се направени се користени обични кондоми со лубрикант на водена база. На почетокот се лизгави, но после 600 пенетрации стануваат суви.
33 парови волонтери ги тестирале новите кондоми и дошле до заклучок дека кондомите што сами се подмачкуваат се далеку подобри од стандардните.
Официјалните клинички тестирања се очекува да започнат следната година.

Копирањето на содржината е забрането!