Колку пари ни се потребни за да бидеме среќни?
На ова прашање се обидел да одговори американскиот психолог Ендрју Џеб со својот тим истражувачи од Универзитетот Пердју во американската држава Индијана.
Тие направиле меѓународно истражување кое било спроведено во 164 земји во светот и опфатило 1,7 милиони луѓе. Утврдиле дека освен приход со кој ќе бидат среќни, луѓето имаат и “праг на вредност” кој ако не е достигнат се чувствуваат помалку среќни.
Истражувањето покажало дека сумата со која луѓето од целиот свет се чувствуваат комплетно среќни во својот живот изнесува 95.000 долари годишно. Во евра таа сума изнесува 77.000, што е околу 6.400 евра месечно. Ова е цифра која ни најразвиените земји во светот не ја исплаќаат како просечна плата, но толку на располагање има добар дел од средната класа која живее во тие земји.
За емоционален мир и секојдневно добро расположение на луѓето им е доволно и уште помалку од тоа, односно 60.000 – 75.000 долари годишно, што е помеѓу 48.000 – 60.000 евра годишно или 5.000 евра месечно. Овие вредности се блиску до просечната плата во најразвиените земји во светот.
Се разбира, постојат разлики меѓу континентите. Најмногу пари за да бидат среќни им се потребни на жителите на Австралија. Веднаш по нив се жителите на Северна Америка. На жителите на западна Европа им требаат околу 100.000 долари годишно. Во источна Европа луѓето се далеку поскромни и се задоволуваат со 45.000 евра годишно, односно, околу 3.700 евра месечно.
Истражувачите забележале дека има многу големи разлики во одговорите на прашањето – колку пари ви се потребни за да бидете среќни, кај испитаниците со различен степен на образование. Луѓето со завршено високо образование имаат повисока сума како задоволителен идеал, најверојатно заради тоа што имаат повисоки очекувања од богатството и се поподложни на социјална споредба.
Награден напис
Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца
Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …
Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави
Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …