Колку долго трае добриот секс? Научниците дадоа одговор на ова вечно прашање.
Истражувањето спроведено на Универзитетот Пен Стејт откри дека, и покрај популарното верување, добриот секс не мора да трае долго. Сè што е подолго од половина час создава можност за разочарување и незадоволство, сметаат научниците.
Истражувачите Ерик Корти и Џенај Гардни вклучиле дури 59 експерти за сексуална терапија, брачни психолози и семејни терапевти во истражувањето, а со помош на нивните одговори дошле до четири клучни категории, во однос на сексуалниот временски распон, од пенетрација. до ејакулација.
Сексот кој трае 1-2 минути е секако прекраток, 3-7 минути – адекватен, 7-13 минути – пожелен, 15-30 минути – предолг, според научниците.