Кога се под стрес мажите бараат “полнички” жени

Научниците од британскиот универзитет во Вестминстер тврдат дека мажите под стрес и во време на тешка финансиска криза ги привлекуваат пополни жени.

Според „Дејли меил“, во истражувањето учествувале 80 испитаници. Половина од нив поминале низ интервју во кое целта беше да им се предизвика непријатна ситуација или стрес. После тоа, и двете групи гледаа фотографии од жени со различен физички изглед – од многу тенки до дебели.

Ниту една група не избра крајност, т.е. ниту многу тенки ниту дебели. Групата во која беше предизвикан стрес беа попривлечни пополните жени. Така, научниците дошле до заклучок дека мажите кои се во стресни ситуации и потежок период од животот избираат жени кои се буцки и изгледаат позрело. Имаат перцепција дека пополните жени имаат поголема самодоверба, па потсвесно мислат дека ќе се справат подобро со кризата.

„Формата на телото се чини дека е важен знак на физичка и ментална зрелост“, рече авторот на студијата, д-р Вирен Свами. Физичката зрелост е поврзана со можноста да се справат со заканувачки ситуации, контрола и независност, додаде тој.

Групата од 40 мажи кои не учествуваа во стресното интервју повеќе беа привлечени кон потенки жени. Значи, од околностите зависи тоа кој ќе ни биде привлечен. „Стресот ги смени преференциите на нашите испитаници“, објасни Свами.

Награден напис

Barrington Pheloung – Theme From ‘Inspector Morse

Barrington Pheloung – Theme From ‘Inspector Morse

Porsche официјално ја претставија новата Panamera

Уникатна симбиоза на контрастите: новата PorschePanameraсега опфаќа уште поширок спектар. Taa ги комбинира перформансите на …

Забрането е копирање на текст!