Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп бурно реагираше на прашањето на италијански новинар за безбедносната ситуација во Неапол пред вечерашната пресметка меѓу Наполи и „црвените“ на стадионот Диего Марадона.
„Не е прв пат да сте во Неапол. Дали мислите дека градот е опасен, откако Ливерпул ги предупреди своите навивачи на социјалните мрежи? праша италијанскиот новинар.

Кога прашањето на италијанскиот новинар беше преведено на Германецот, тој наеднаш го смени своето расположение:
„Тоа е срамно прашање. Сакате да направите сензационален наслов за весникот. Не ве разбирам. Дали сте од Неапол? Мислите дека тоа е опасен град? Не знам, не живеам во Неапол. Кога одам таму, одам од хотел до стадион, а ти сега ме прашуваш што мислам за Неапол… Знаеш што зборуваат луѓето. Ако некои навивачи се сретнат со други, нешто може да се случи. Нема врска со градот “, луто одговори Клоп.
Натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул се игра вечерва од 21 часот.