Климатските промени ја уништуваат природната рамнотежа

Стефан Олсен, научник од данскиот Метеоролошки институт, на својата рутинска посета на северозападниот дел на Гренланд затекнал изненадувачка и застрашувачка глетка. Деловите што треба да се под мраз во моментот се водени.

Неговата мисија била да ги пронајде ориентирските алати за следење на времето кои биле поставени од неговите колеги, но не успеал да ги пронајде бидејќи локацијата каде што требало да бидат била прекриена со вода. Иако под слојот на вода се наоѓа мраз со дебелина од 1,2 метри, сепак, застрашувачки е тоа што топењето е толку брзо.

Фотографијата што ја направил со кучињата кои ја влечат санката и наместо на мраз се во вода, за краток период стана препознатлива и застрашувачка, бидејќи директно ги покажува ефектите што климатските промени ги имаат на околината на Арктик.

На својот твитер-профил напишал дека од актуелната ситуација први на удар ќе бидат автохтоните заедници кои живеат и ловат во тој дел.

Научниците за оваа година предвидуваат рекордно топење на мразот, а со тоа ќе се влијае на зголемување на водата во океаните која полека ќе навлегува во копнените делови.

Претходна Porsche 718 Spyder и 718 GT4 – гладни за секоја кривина
Следна Неочекувани здравствени придобивки од боровинките кои најверојатно не сте ги знаеле

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!