Обновениот класик Ролс-Ројс Фантом V од 1961 година доби електричен погон благодарение на компанијата Луназ Дизајн од Англија, а неговата цена е 500.000 фунти.
Луназ минатата година го најави „Ролс-Ројс“ и ова е една во низата фантастични класични автомобили на кои им е дадена електричен погон. Компанијата има за цел да произведе вкупно 30 примероци на електричниот Фантом.

Секоја копија на автомобилот беше целосно расклопувана, беше отстранет конвенционалниот погон, извршено е скенирање со 3Д и мерење, а после тоа беше извршена детална реставрација и инсталирање на електричен погон.

Автомобилот доби голема батерија од 120 kWh што е доволно за да покрие 483 км со едно полнење. Технологијата на батерии е тајна, но Луназ тврди дека секој RR Phantom V ќе има можност да се полни дома и брзо, како и да биде опремен со модерна технологија на „суптилен начин“. Од новата технологија поседува сателитска навигација, WiFi, инфозабавен систем, порти за полнење, нови системи за ладење и греење, подобрени сопирачки, управувачки систем, суспензија и електроника.

Телото е лакирано во два тона, ентериерот е тапациран во кожа, а дрвото е обновено. Во приватниот дел на возилото има два екрани и бар, а има доволно простор за осум лица.

Исто така, изведен е и Rolls-Royce Silver Cloud, кој е малку поевтин и доаѓа со батерија од 80 kWh. За тоа треба да се издвојат најмалку 350,000 фунти.

Луназ ќе произведе само 30 примероци од електричниот Фантом, а процесот веќе започна.