E.C.D. Automotive Design од Флорида кој е познат по модификациите на класичниот Land Rover Defender, го прикажа и својот модифициран електричен модел.
Automotive Design досега имаше различни верзии на Defender и направи одлични комбинации на „old school SUVs“, модерни карактеристики и V8 мотори. Овој пат нема V8 мотор под хаубата, бидејќи Defender доби електричен погон. Всушност, станува збор за два Defender со ист погон, кои наместо SUS моторот, резервоарот и издувниот систем добија еден електромотор Tesla кој развива 450 КС и батерија од 100 kWh. Сепак, оваа сила и понатаму се пренесува на сите четири тркала, бидејќи е Defender, а двата модели имаат воздушна суспензија и гуми за теренски BF Goodrich.
Забрзува од 0 до 100 km/h за нешто повеќе од 5 секунди, и со малку поумерено возење овозможува автономија од 354 километри.
Проектот Бритон има стандардни сопирачки и оски и е обоен во ладно сива боја што наликува на сина боја. Внатрешноста има црна и беж кожа и ткаенина, како и дрвени детали, особено на багажникот и на задното седиште.
Project Morpheus е поцврст, доаѓа со подобрени оски и диференцијал со ограничено лизгање. Во овој случај нема дрвени детали, но сепак има квалитетна кожа и одлично озвучување како и доволно простор за шест патници. Кровните носачи, решетката на ладилникот и надворешните светла се исто така дел од теренецот.