Кинеските ракети со погон на бор ќе функционираат во воздух и вода

Ракетни научници во Кина работат на развој на суперсонична ракета со борово гориво, која ќе може да лета како комерцијален патнички авион, а потоа да „плива“ во вода и да функционира како торпедо.

Дострелот и брзината на новата кинеска ракета ќе бидат многу поголеми од кое било торпедо развиено досега. Борот е многу реактивен лесен елемент кој реагира подеднакво добро со водата и воздухот и испушта голема количина на топлина. Военото воздухопловство на САД експериментираше со бор во 1950-тите со цел да ги зголеми можностите на своите суперсонични бомбардери. Сепак, проектот беше напуштен бидејќи согорувањето на бор е тешко да се контролира, а исто така формира слој од отпад што влијае на перформансите на ракетата.

Сепак, трката за развој на хиперсонично оружје, проектили кои можат да летаат со брзина поголема од 5 маха, повторно го разбуди интересот за борот како гориво. Кина експериментираше со цврсто гориво што содржи борни наночестички за своите млазни мотори, а американската морнарица успешно експериментираше со наноцевки од бор нитрид за своите хиперсонични оружја.

Тим кинески научници сега работи на развој на суперсонична ракета која користи исто гориво.

Тим од Националниот универзитет за одбранбена технологија претстави дизајн за суперсонична ракета во нецензурираното списание Solid Rocket Technology. Според изданието, проектилот е висок пет метри и може да лета со брзина од 2,5 маха на височина од 10.000 метри. Тоа е приближно висината на која летаат комерцијалните авиони. Откако ќе прелета 200 километри, проектилот се нурнува во водата и плови до 20 километри. Кога ќе достигне растојание од 10 километри до целта, проектилот преминува во режим на торпедо и плови со брзина од 100 метри во секунда благодарение на можноста за суперкавитација, создавајќи огромен воздушен меур околу себе во водата, што го намалува отпорот и не го успорува проектилот.

Научниците тврдат дека проектилот ќе може да го смени својот курс или да нурне до длабочина до 100 метри за да ја избегне подводната одбрана, а притоа да не го изгуби импулсот. Исто така, научниците веруваат дека не постои одбрана на брод што може да се справи со толку брз напад.

Конвенционално, проектилите кои користат бор како погонско гориво се наменети само за употреба во воздух. Научниците направија одредени промени во дизајнот, како што се прилагодливи влезни и излезни млазници за да овозможат горивото да гори во воздух и вода.

Типичен состав на гориво на проектил со погон на бор содржи 30 проценти од овој лесен метал и други хемикалии што се користат за контрола на неговото палење. Научниците ја удвоиле концентрацијата на бор за да добијат поголем потисок во водата. За да ги решат потенцијалните проблеми, научниците ќе ги модифицираат честичките на борот и ќе го подобрат процесот на производство.

Кина увезува половина од количините на руда на бор, а повеќето доаѓа од САД.

Претходна Honda планира да претстави десет електрични мотоцикли до 2025 година
Следна И Хрватска има свое „Мртво море“

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!