Кинеската вселенска сонда именувана по божицата на Месечината од кинеската митологија, се подготвува за слетување на другата страна од Земјиниот природен сателит.
Слетувањето се очекува да биде во четврток во кратерот Aitken кој го добил името во 1970 година по американскиот астронаут Robert Grant Aitken.
Chang’E-4 сондата носи семиња за експериментот на одгледување зеленчук во затворена околина на површината на Месечината. Опремена е со панорамска камера и мноштво сензори и уреди.
Поблиската страна на Месечината е посетувана во минатото и од Американците од 1969-1972 година и од Русите во 1976 година. По тој период, сè до 2013 година кога Кинезите ја пратија својата сонда Chang’E-3, немаше никаква активност поврзана со слетување на Земјиниот природен сателит.
Награден напис
Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција
Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …
Мета подготвува ривал на Твитер
Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …