Ким Кардашијан е најопасна за пребарување на интернет

Компанијата за интернет безбедност McAfee, спроведе истражување за најопасните ѕвезди за пребарување на интернет, пребарување кое може да го зарази вашиот компјутер со компјутерски вируси.
На врв на листата во Обединетото Кралство е Ким Кардашијан. Најпознатата реалити ѕвезда секојдневно ја пребаруваат милион луѓе. Ким Кардашијан на Инстаграм има 118 милиони следбеници, додека на Твитер 58 милиони.
Второто место на листата го има Наоми Кемпбел, а ја следат Кортни Кардашијан, Адел и британската водителка Каролина Флак. Исто така на листата се и Бритни Спирс и Ема Робертс.
На врвот на американската листа е актерката Руби Роуз.
Раџ Самани од компанијата McAfee предупредува дека живееме во брз свет, кој е под големо влијание на поп културата и социјалните медиуми.

“Многу е важно корисниците да размислат пред да кликнат на некој линк и да бидат сигурни во дигиталниот свет, да ги заштитат своите уреди, но и својата приватност”, предупреди Самани.

Претходна Мурињо: сетете се на минатата сезона, мислам дека беше фантастична
Следна Ferrari 488 Pista Spider – магнет за посетителите на Саемот на автомобили во Париз

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!