Кевин Дурант, eден од најдобрите играчи во НБА лигата реши да не го прифати договорот за продолжување во следната сезона со Голден Стејт Вориорс.
Како што пренесуваат американските медиуми, Дурент одбил „Player option“ клаузула во договорот, се откажал од 31.5 милиони долари и ќе стане неограничен и слободен играч.
Оваа информација можеби и не е толку изненадувачка со оглед на тоа дека и претходно се најавуваше дека Дурент може да го направи ова.
Неговиот агент според информацијата на ЕСПН, се наоѓа во Њујорк, каде има одврзани раце да одлучува за иднината на овој одличен кошаркар, најизгледни шанси за негов трансфер ова лето има во Њујорк Никс, Бруклин или евентуално ЛА Клиперс.
Да потсетиме, Дурент во 5 меч од финалето на НБА лигата, против Торонто, доживеа повреда на ахиловата тетива, поради која мораше да ја пропушти серијата до крајот.