Кацигата што ја носеше Ф1 возачот на Ферари, Шарл Леклер за време на трката во Монако е продадена за рекордни 306.000 евра.
Трката, која требаше да се вози на патеката Имола во Италија минатиот месец, беше откажана поради катастрофалните и смртоносни поплави во регионот Емилија-Ромања, а за да помогне во опоравувањето, RM Sotheby’s одржа хуманитарна аукција.
Кацигата на Леклер е продадена за рекордни 306.000 евра, па е поскапа и од кацигата на легендарниот Аиртон Сена, за која купувачот во 2019 година платил 162.000 евра.
На аукцијата беа продадени и оделото на Монегаски (61.000 евра), чевлите (20.400 евра) и ракавиците (42.000 евра).
Леклерк ја потпиша кацигата Bell HP77 пред продажбата.