Кампања за сервисирање на Huawei уредите

Почнувајќи од понеделник, 27 април 2020 година, започнува новата кампања на Huawei, која нуди 20% попуст на замена на дисплејот или главниот модул (матичната плоча), на голем број паметни телефони од сериите P20, P30, P40, Mate 20, P smart, Y5, Y6, Y7, Y9, nova 5T и таблети од серијата MatePad. Сите модели вклучени во кампањата и соодветните попусти за замена без гаранција на екранот или матичната плоча може да се проверат на:http://consumer.test.huawei.com/mk/support/campaigns/service-warm-action/

Кампањата важи од 27 април до 27 мај, а покрај попустите на цената на самата поправка на дисплејот или матичната плоча за наведените уреди,исто така вклучува бесплатна курирска услуга “Од врата до врата”. Корисникот може да се информира подетално и да побара услуга, секој работен ден од 9 до 18 часот, на бесплатниот телефонски број 0800 555 50. Услугата “Од врата до врата”во моментов е достапна, бесплатно, за сите гаранциски поправки на уредите на Huawei.

A photograph shows the logo of Chinese company Huawei at their main UK offices in Reading, west of London, on January 28, 2020. – Prime Minister Boris Johnson is expected to announce a strategic decision on January 28, on the participation of the controversial Chinese company Huawei in the UK’s 5G network, at the risk of angering his US allies a few days before Brexit. (Photo by DANIEL LEAL-OLIVAS / AFP) (Photo by DANIEL LEAL-OLIVAS/AFP via Getty Images)

За да обезбеди подобра услуга на клиентите, Huawei го продолжува и гарантниот рок за сите производи чија што оригинална гаранција истекува од 15 март 2020 до 14 јуни 2020 година. За нив, гаранцијата автоматски ќе се продолжи до 15 јуни 2020 година.

За најновите информации во врска со пост-продажните услуги за уредите на Huawei, компанијата препорачува користење на опцијата Service, достапна во Huawei AppGallery.

Награден напис

Нема повеќе евро кошарка во оваа сезона

Оваа вест ја донесе специјализираниот кошаркарски портал Спортиндо. Евролигата и Еврокупот, двете најпрестижни европски кошаркарски …

Киа подготвува мал електричен автомобил со супер цена

КИА има намера да произведе мал електричен градски автомобил кој ќе му биде ривал на …

Don`t copy text!