Следува постуден период од годината или, со други зборови, неколку месеци кога поминуваме најмногу време во домовите. Затоа е многу важно просториите во кои престојуваме да бидат проветрени и свежи.
Растенијата што ги чувате во вашите домови можат да ве заштитат од чад од тутун, бактерии, габи … Затоа, експертите предлагаат да купите алое вера, кактус или палма.
Кактусот ќе го апсорбира штетно електромагнетно зрачење, ќе ја намали концентрацијата на испарливи органски материи и, генерално, совршено го прочистува воздухот. Со сето ова, кактусот не бара многу светлина и грижа.
Покрај тоа што се користи за обновување на кожата и телото, магичната алое вера е одлична и во прочистување на воздухот. На пример, брзо и ефикасно ги отстранува штетните материи, што вклучува зрачење од мониторите и ТВ екраните.
Може да пробате и мала палма. Според истражувањето спроведено од НАСА, палмата Арека е на осмото место според ефикасноста на отстранување на формалдехид. Многу добро ја одржува влагата и свежината во просторијата и многу брзо ги отстранува хемиските токсини од воздухот.