Без разлика колку е светло сонцето или колку се силни зраците, облаците и маглата не ги филтрираат сите УВ зраци. Затоа треба да ги заштитиме не само кожата и главата, туку и очите. Сончевите зраци емитуваат три типа на зрачење: УВА, УВБ и ИР (инфрацрвени зраци).
- Коњунктивитис, ретинопатија и катаракта
Ултравиолетовите зраци (УВА) ја затемнуваат кожата, но можат и да ја изгорат. Помалку видливите (УВБ) исто така, навестуваат непријатност. Од едноставно црвенило на очите до сериозни проблеми: болести на мрежницата, воспаление, предвремено појавување на катаракта. Инфрацрвените зраци, кои ја ослободуваат сончевата топлина и понекогаш можат да ги изгорат очните капаци, ја сушат рожницата и можат да предизвикаат визуелен замор. Сината светлина, на која окото е тешко да се фокусира, може да доведе до замор на очите. Тоа е главниот виновник за појавата на слепило и некои хроматски аберации (лоша перцепција на боите) и може да доведе до грешки во перцепцијата. - Опасен песок и снег
Осветлувањето може да го оштети окото со тројна агресија. Прво: со директно зрачење кое варира во однос на сезоната, географската област и надморската височина. Второ: со рефлексија на УВ зраци кои се менуваат според природата на почвата. Така, снегот рефлектира дури 85% од УВ зраците, а песокот на плажа само 20%. Тоа е главната причина за воспаление на очите. Трето: слепило предизвикано од рефлексијата на сончевите зраци, што доведува до нарушување на видот и болка во очите. Последиците можат да бидат сериозни: намалена визуелна острина, нарушување во перцепцијата на боите и формите. - Задолжителни очила за сонце!
Само квалитетните очила за сонце можат да го намалат интензитетот на светлината, да ги апсорбираат сончевите зраци кои ги горат очите и речиси целосно да ги филтрираат УВ зраците, апсорбирајќи голем дел од видливите зраци и ИР.
Минералните наочари (од стакло) имаат одлични квалитети, малку се гребат и се непроменливи со текот на времето. Погодни се за во град, но се претешки, па тешко е да се носат додека се спортува. За спортистите се препорачуваат органски очила кои главно се направени од поликарбонат, се сметаат за некршливи и се трипати полесни од стаклото. Но, тие се со послаб квалитет и лесно се гребат.