Веројатно има илјадници различни видови хамбургери, некои се вкусни, некои можеби помалку вкусни, некои содржат повеќе зеленчук, сосови, имаат повеќе месо или се комбинирани со некои необични состојки. Сепак, готвачите советуваат дека треба да избегнувате еден вид хамбургер, без оглед на комбинацијата во која се подготвува.
Не е важно за какво месо се работи, со врвен или со послаб квалитет, ако месото е премногу долго термички обработено, тогаш треба да се избегнува. Според Дерил Хармон, сопственик на ресторанот Клинтон Хол во Њујорк, тој исто така верува дека никогаш не треба да нарачате препечена плескавица.
„Ваквите плескавици се премногу суви, па месото го губи добриот вкус“, вели тој во интервју за списанието Eat This, Not That и ве советува секогаш да барате средно печена плескавица.
„Месото едноставно ќе се стопи во устата. Што се однесува до вкусот, ќе можете да уживате во квалитетот на говедското или кое било друго месо што се користело“, нагласи тој.
Слично на тоа, Мајк Декамп, сопственик на ресторанот „Парлор“, рече дека сите добри квалитети на месото исчезнуваат во препечена плескавица.