Кабриолет Polestar 6 LA Concept е веќе распродаден

Polestar веќе ги распродаде сите 500 планирани примероци на електричниот кабриолет 6 LA Concept и тоа само седум дена по неговото претставување.

Generated by pixel @ 2022-08-16T10:59:44.368441

Станува збор за роудстер, сериската верзија на концептот Polestar O2 што дебитираше во март, а се очекува во 2026 година. Сепак, четиригодишното чекање очигледно не ги одврати купувачите, па сите планирани примероци се веќе распродадени. Тие ќе бидат доставени до клиентите во Исланд, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Сингапур, Кина, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

Polestar 6 е базиран на алуминиумската шасија што ја користи новиот Polestar 5 grand tourer и е опремен со технологија од 800 волти, како и два електромотори кои испорачуваат 872 КС и 900 Nm вртежен момент. Таа сила се пренесува на сите четири тркала, а Polestar 6 забрзува од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди пред да достигне максимални 250 km/h.

Секој од 500-те примероци ќе биде обоен во небесно сина боја, ќе има тркала од 21 инчи и светла внатрешност. Сепак, добрата вест е што Polestar планира да започне сериско производство на моделот по почетните 500 примероци од La Concept едицијата. Книгата за нарачки ќе се отвори оваа година.

Претходна MG Mulan Triumph Edition е електричен хечбек со 449 КС
Следна Без да знаеме фрламе здравје

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!