Д-р Брендан Зиетш од Универзитетот во Квинсленд тврди дека најточните и искрени податоци за издржливоста во спалната соба доаѓаат од една студија објавена во The Journal of Sexual Medicine.
Студијата ги презентираше резултатите од истражувањето за сексуалното однесување на 500 парови во стабилни долгорочни односи.
Студијата вклучуваше парови од Холандија, Велика Британија, Шпанија, Турција и САД кои го мереа времето на сексуален однос од пенетрација до кулминација. Просечното време на сексуален однос без предигра во споменатите земји беше 5,4 минути.
Најбрзи „на орозот“ беа Турците, чиј просечен однос беше 3,7 минути, додека мажите од другите земји успеаја да издржат шест до седум минути.
Студијата покажа дека помладите мажи биле поиздржливи, па затоа кај мажите до 30-годишна возраст сексот траел во просек 6,5 минути, а кај мажите на возраст над 51 година траел околу 4,3 минути.