Група истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс создадоа пренослив уред кој солената морска вода ја претвора во вода за пиење.
Уредот со големина на актовка е преносливо решение за десалинација, додека постоечките се големи, тешки и скапи. Тој користи процес наречен Поларизација на концентрација на јони (ICP), така што не содржи филтри или пумпи под висок притисок за третирање на водата. Користејќи електрично намотани мембрани зад и под водата, ICP ги одбива честичките од сол додека минуваат низ нив. Мембраните одбиваат позитивно или негативно наелектризирани честички, вклучувајќи молекули на сол, бактерии и вируси. Наелектризираните честички потоа се насочуваат во друг млаз вода кој на крајот се испушта.
Процесот исто така ги отстранува растворените цврсти материи што овозможува чиста вода да помине низ каналот.Бидејќи е потребна само една пумпа со низок притисок, ICP користи помалку енергија од другите техники.
Пред неколку месеци, тим на истражувачи објави видео во кое демонстрира како функционира уредот.
Откриле дека самиот процес не може да ја отстрани солта, па затоа користеле друга техника наречена електродијализа за да ги „фатат“ преостанатите јони на сол.
За да го тестираат уредот, истражувачите отишле на плажата каде што во првиот обид успешно ја претвориле морската вода во вода за пиење.
„Процесот беше успешен во првиот обид, а тоа беше изненадувачки и возбудливо. Успеавме поради акумулацијата на сите мали напредоци што ги направивме на патот“, рече професорот Џонгјун Хан.
Примената на оваа технологија има потенцијал да го промени светот, бидејќи би можела да се користи во земји каде пристапот до вода е ограничен. Може да се користи и за помош на бегалците и војската каде пристапот до вода за пиење може да биде тежок.