Шведската автомобилска компанија Koenigsegg моделот One:1 го произведе во серија од само 6 примероци, а еден од нив во моментов е на продажба од страна на британската компанија James Edition.
За овој убавец новиот сопственик треба да издвои „само“ 6,47 милиони евра.
Овој суперсоничен двосед е базиран на неодамна пензионираната Agera и го придвижува централно поставен V8 мотор со зафатнина од 5 литри, на кој му асистираат два турбополначи. На задните тркала испорачува моќност од 1360 коњски сили и вртежен момент од 1371 њутн метри. Силата се пренесува со автоматски менувач со 7 степени на пренос.
Целата оваа сила е задолжена да го движи автомобилот со само 1360 килограми и не е чудо што One:1 дава резултати како да е авион.
Забрзувањето е само 2,8 секунди и има максимална брзина од 440 километри на час.
Ова е автомобил за кој не е потребно да се има дозвола за летање.