Интензивен тренинг од само 4 минути дава одлични резултати

Вежбањето со голем интензитет станува многу популарно. Тоа е тренинг кој трае кратко, но дава голем ефект.

Сепак, за да го користите овој принцип на вежбање треба да бидете во форма, особено ако планирате да започнете со тренинг по светски познатиот Табата принцип, кој како преку ноќ да стана популарен насекаде низ светот.

Станува збор за четириминутен тренинг, кој вклучува 20 секунди многу интензивно вежбање, 10 секунди пауза и се состои од 8 серии. Иако вежбањето трае само четири минути, за оние што се во топ форма се препорачува да се направат четири повторувања и вежбањето се продолжува на 16 минути.

Благодарение на интензитетот со кој се спроведува, Табата тренингот овозможува брзо губење на масните наслаги од критичните зони, па затоа жените го сакаат. Исто така, времето кое е потребно за вежбање е кратко, што го прави привлечен. Сепак, се напоменува дека почетниците мора да се внимателни заради можноста од повреди.

Битно е да се нагласи дека при овој тип на вежбање во никој случај не смее да се прескокне загревањето. Доволно е и пет минути да ги подготвите мускулите.

Придржувањето до интензитетот, брзината и издржливоста при вежбањето е важно, за да се постигнат посакуваните резулати.

Запознајте се со Табата тренингот.

Претходна Замрачување на Сонцето – ретка астрономска појава
Следна Места во Турција кои мора да ги посетите

Награден напис

Храна која особено лошо влијае на работата на цревата

Проблемите со цревата може да се појават на многу различни начини. Гасови, надуеност, запек, дијареа …

Научниците ја открија совршената формула која ќе ви помогне да се разбудите одморени и освежени

Дали често се будите поспани и млитави, и без разлика колку долго сте спиеле, сепак …

Don`t copy text!