Инстаграм им овозможи на корисниците со IOS опција што ќе им го олесни користењето

Инстаграм внесе новина во користењето на нивната мрежа: опција која им дава можност на корисниците да објавуваат во исто време на повеќе профили.
Опцијата е достапна за сите корисници на IOS оперативните системи, а дали и кога оваа опција ќе ја добијат корисниците на андроид и другите оперативни системи сè уште е непознато.
Опцијата “self-regram” се појавува пред да се објави написот. Под опцијата за означување на луѓе и додавање на својата локација, ќе се појави опција “post to other accounts” која ќе ви овозможи да одберете на кои други профили сакате да го објавите написот.
Оваа опција им заштедува време на многу корисници кои имаат повеќе профили на Инстаграм.
За оваа опција уште порано имаше гласини, но беше демантирана.
Минатата година Инстаграм овозможи делење на опцијата “story”, која на корисниците им овозможи да го споделуваат своето или да превземаат “story” од други корисници.

Претходна Секс играчка освои награда на Саемот за технологија, но организаторите решија да ја повлечат
Следна Денес е Светскиот ден на смеењето

Награден напис

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Мистериозно кинеско летало

Кинеското вселенско летало без екипаж се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. …

Don`t copy text!