Името на Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на учесници на последниот Грен слем турнир во сезоната, но се уште се многу малку шансите победникот на Вимблдон да игра на претстојниот УС Опен.
Ѓоковиќ сака со сите сили да го нападне четвртиот трофеј на УС Опен, но секоја минута се намалуваат шансите српскиот тенисер да игра на последниот Грен слем турнир во сезоната.
Денеска е објавена влезната листа на учесници на УС Опен на која се издвојува името на Новак Ѓоковиќ. Тоа предизвика голема врева на социјалните мрежи и фановите заклучија дека Ѓоковиќ ќе има шанса да игра, бидејќи организаторите на турнирот го создадоа списокот.
За жал за многубројните фанови на Ѓоковиќ од целиот свет, оваа листа не значи ништо. Се прави автоматски и ги вклучува најдобрите тенисери во светот.
Сепак, бројните фанови со ентузијазам го прославија објавувањето на списокот за влез на социјалните мрежи, сметајќи дека на Ѓоковиќ му е загарантирано.
Ѓоковиќ има уште неколку шанси за настап на УС Опен. Потребно е УС Опен да побара изземање за српскиот тенисер, а потоа Владата на САД да го одобри, што не би требало да биде проблем, но организаторите на турнирот неколку пати потенцираа дека тоа нема да го направат.
УС Опен започнува на 29 август, па единствен спас за Ѓоковиќ може да биде промената на правилата поврзани со влезот во земјата. Српскиот тенисер не може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран, но тоа не претставува проблем за невакцинираните американски тенисери како Тенис Сандгрен да играат на УС Опен.