Бишоп Кери е единаесетгодишник кој e вознемирен од ситуациите на сè поголемиот број на смртни случаи на заборавени деца во врели автомобили.
Кога на вести дознал за бебе од соседството кое починало на таков начин во автомобил, дошол на идеjа да создаде уред кој би го решил проблемот и би спасувал деца.
Неговиот татко, инаку инженер во Тојота, за медиумите изјави дека кога се вратил од работа Бишоп истрчал да го пречека со скица на изумот во раката, кој го нарекол “Оаза”. Бишоп всушност дизајнирал вентилатор кој би се вклучувал автоматски ако внатрешноста на автомобилот достигне одредена температура која е поголема од нормалната. Уредот би се поставувал на потпирачот за глава од седиштата, а точната позиција би зависела од возраста на детето и положбата на седиштето.
Уредот ќе открива дали возилото застанало, и дали користи ГПС. Исто така ќе открива дали во автомобилот има дете. Ако детектира присуство на дете а автомобилот стои ќе почне да дува ладен воздух од системот за ладење.
Но, ученикот Бишоп Кери не застанал само на тоа. Заедно со ГПС додал и Wi-Fi уред. Ако вентилаторот се вклучи, преку Wi-Fi уредот ќе ги контактира родителите на детето заборавено во автомобилот. Доколку родителите не одговорат на повикот, уредот ќе праќа повик до полицијата или брза помош.
Со помош на GoFundMе компанијата собрани се 50000 долари, а младиот изумител го регистрираше патентот и изработи 3Д.
Неговиот татко идејата ја презентирал кај неговите шефови во Тојота, и таму биле исклучително задоволни од изумот, па затоа ги пратиле и таткото и Бишоп на конференција за превенција на детски повреди каде што го презентирале изумот.
Пред почетокот на производството на уредот следат доработки и тестирања.
Награден напис
Apple работи на лаптоп со екран што се преклопува
Asus е вистински пионер кога станува збор за лаптопи со екран на преклопување благодарение на …
Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција
Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …