Израелската компанија SpaceIL ја лансираше својата прва мисија на Месечината.
Ракетата Фалкон на SpaceX полета од Kејп Канаверал на Флорида, носејќи го израелскиот робот наречен Beresheet.
Доколку слетувањето биде успешно, тоа ќе биде првата приватно финансирана мисија што го допрела тлото на Месечината.
Ракетата на SpaceX ќе го однесе роботот до крајот на Земјината атмосфера, од каде што ќе го продолжи својот лет во наредните два месеци.
Beresheet чини 100 милиони долари, и по слетувањето на Месечината ќе врши фотографирање на околината и ќе ги испитува магнетните особини на природниот сателит на Земјата.
