Ибрахимовиќ купува спектакуларна јахта вредна 20 милиони евра

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше забележан во бродоградилиштето Бенети во Ливорно, каде, според италијанските медиуми, разгледувал јахта што ќе ја купи за 20 милиони евра.

Јахтата „Ребека“ е долга 40 метри со три палуби, и нуди одличен поглед. Има базен, теретана, скара со џакузи, како и пет кабини за спиење, а објавените фотографии го потврдуваат целиот нејзин сјај.

Јахтата се изнајмува на неделно ниво и чини меѓу 190 000 и 225 000 евра, но Швеѓанецот е подготвен да купи трајно и се очекува наскоро да ја официјализира продажбата.

Во последно време, купувањето луксузни јахти беше многу интензивно кај познатите спортисти, а се чини дека дојде ред и за Ибрахимовиќ.

Претходна Brabus со креација на новата S класа на Mercedes
Следна Фејсбук ја постигна својата цел. Користи целосно обновливата енергија

Награден напис

Шест фитнес митови кои го успоруваат слабеењето

Губењето тежина и маснотии е доволно предизвикувачки процес и без митови и дезинформации што дополнително …

Bugatti Chiron Pur Sport против борбен авион

Бугати организираше интересен дуел за забрзување, а силите на пистата беа измерени со Chiron и …

Забрането е копирање на текст!