Зошто постарите мажи излегуваат со помлади девојки

  •  

Приказната дека годините се само бројка не ја менуваат сликата дека големата старосна разлика изгледа чудно во ситуации на врска меѓу маж и жена. Сепак, таквите врски се чести низ светот.

Кога постар маж избира помлада жена или девојка за свој партнер, причината се гледа во тоа што тој ја гледа нејзината младост, енергетичност, нејзиното тело сè уште не ги поминало тешкотиите на стареењето. Иако звучи остро и брутално, мажите сакаат младо и привлечно женско тело.

Вториот дел од равенката за тоа зошто постарите мажи сакаат помлади жени е тоа што во самата ситуација тие гледаат можност за самодокажување, можност за докажување дека ако се со помлада жена се успешни. Се ставаат во позиција на авторитет, а тоа на поголемиот број мажи им се допаѓа.

Постарите мажи не бараат сериозни врски и мислат дека доколку се во врска со помлада жена или девојка, раскинувањето ќе биде побезболно.

Девојките се поотворени, пофлексибилни, како психички така и физички. Ова совршено им одговара на постарите мажи, бидејќи настапуваат со помислата дека нивните фантазии полесно ќе ги остварат со девојка отколку со жена на нивни години.

Тука е и фактот што младите девојки е полесно да се импресионираат, бидејќи ги воодушевуваат работи кои постарите жени не ги ни забележуваат. Тука е и ситуацијата каде мажите бегаат од одговорностите на животот и затоа одбираат помлади девојки.

Се смета дека возрасните мажи имаат помалку шанси да бидат одбиени од млади девојки, поради фактот дека девојките ги сметаат повозрасните мажи за поодговорни и позрели.

Со вакви врски повозрасните мажи бараат авантура, чувство на слобода, како и потврда на своето его дека сè уште не се стари и дека се способни да освојат девојка.

Копирањето на содржината е забрането!