Зошто мажите сакаат лоши девојки

Ти никогаш не си нејзиниот прв приоритет. За неа секогаш се поважни нејзините пријатели и нејзините обврски. Никогаш не ти кажала ниту покажала дека те сака, имала подобри љубовници од тебе, но ти го игнорираш сето тоа затоа што си лудо заљубен во неа.

Би сакал да го смениш, но не знаеш како, ниту пак знаеш дали би ја сакал тогаш (ако воопшто се промени)? Таа е лоша за тебе, за твоето друштво и општата емоционална состојба, но не можеш да живееш без неа. Таа знае што сака и ти дава до знаење дека некои од нејзините идни планови едноставно не те вклучуваат тебе. А ти – сè уште си покрај неа.

Ја прифаќаш таквата ситуација т.е. твојата нова девојка, како предизвик кој стои пред тебе и го чека твојот потег. Барем така мислеше на почетокот. Веќе не ја ни разбираш, не ни знаеш што ќе прави понатаму, а малку и се плашиш од неа бидејќи е непредвидлива. Некогаш те повредува, те навредува и лути, не скриено туку сосема отворено те напаѓа, а ти – како да сакаш повеќе.

Одлична е во кревет, кога ќе ја видиш не можеш без да ја прегрнеш и бакнеш, а таа те пречекува со полуладна насмевка и топол поглед. Не знаеш дали можеш да ја прегрнеш, а тоа те кочи. Но, дали ги задоволува сите твои потреби? Уште колку можеш да бидеш во состојба на напнатост и исчекување на непознати работи и настани?

Во секој момент чувствуваш дека е способна да те остави, бидејќи таа и нејзините потреби ѝ се на прво место, а ти си некаде на третото или четвртото место – по пријателите и домашните миленици. Нејзините постапки ги оправдуваш со тоа што мислиш дека можеби некој некогаш многу ја повредил и дека нејзиното однесување е всушност нејзиниот одбранбен механизам. Но, дали си слушнал за некакви случки со нејзините бивши?

Сврти ги картите, смени ги улогите. Каде е твојата самодоверба? Зошто само трчаш по неа и чекаш таа да биде расположена за тебе? Две работи можат да се случат ако се промениш. Или ќе ја заинтригира ненадејната промена во твоето однесување и ќе почне да те брка или веднаш ќе те остави. Треба да имаш храброст, да ја свртиш страницата и да започнеш поинаку. Додека не го направиш тоа ќе останеш во мизеријата (иако засега маките се слатки).

Ако е себична, можеш да ѝ покажеш како тоа изгледа, а веројатно ќе се изненади ако почнеш да мислиш само на себе. Тоа не значи дека ќе те остави поради тоа, можеби едноставно ќе ѝ се допадне уште повеќе, а ни тоа не ти треба. Остави ја или страдај затоа што таа не те сака како што ти ја сакаш неа. Можеш да се прилагодиш, но ретко кога таква личност може да се промени.

Претходна Xiaomi Mix Fold 3 пристигнува во август со четири Leica камери
Следна WhatsApp им овозможи на корисниците да испраќаат видео пораки

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!