Кората од лубеницата не само што е добра за јадење, туку е и полна со хранливи материи.
Летото е период кога лубеницата е едно од овошјата што најмногу ги консумираме. Но, знаејќи или не, секогаш ја фрламе кората која е полна со хранливи и здрави состојки.
Белиот слој помеѓу кората и црвениот дел е полн со материи потполно различни од материите што се наоѓаат во црвениот дел. Содржи повеќе влакна и калиум, кои се многу важни за нашето срце. Исто така, според Agricurtural Research Services, кората на лубеницата содржи и цитрулин, многу јака аминокиселина која игра клучна улога во опуштањето на крвните садови, го намалува крвниот притисок, го намалува заморот, го зајакнува имунитетот, учествува во борбата против ракот, влијае на растот на мускулите и побрзо заздравување на раните.