Змија со три очи – ретка мутација пронајдена во Австралија

  •  

Според фотографиите што ги споделија активистите за заштита на животните од Австралија, пронајдена е змија со мутација, односно змија која има три очи.

Од службата за диви животни “Parks and wildlife” го опишаа ова откритие како несекојдневно и необично, а фотографиите од трооката змија ги поставија на интернет и за кратко време станаа вирални.

Експертите, пак, велат дека третото око на врвот од главата на змијата е нормална мутација што се појавува одвреме-навреме.

Сепак, младиот питон кој го добил името Monty Pyton умрел после неколку недели од неговото пронаоѓање.

Рептилот имал проблеми да јаде поради неговата мутација, за која експертите по испитувањето на рентген велат дека била целосно функционална.

Експертот за змии Брајан Фрај вели дека вакви мутации се составен дел на еволуцијата.

“Секое бебе проаѓа низ одреден вид на мутација, само што во случајов станува збор за малку груба мутација. Никогаш не сум видел змија со три очи, но во нашата лабораторија имаме кобра со две глави. Тоа е мутација што ја гледаме кај сијамските близнаци”, вели Фрај.

Тој додава дека третото око на главата на питонот, е всушност, мал дел од неговиот близнак.

Копирањето на содржината е забрането!