Златан Ибрахимовиќ реши да ги напушти Америка и LA Galaxy и да се врати на италијанско тло.
Во тек се преговорите помеѓу менаџерот на Златан, Мино Раиола и спортскиот директор на Росоњерите, Леонардо, за кои се претпоставува дека се само формалност.
Златан Ибрахимовиќ својата кариера на италијанското тло ја имаше во Милано, играјќи за Интер и за Милан во кој се задржа 5 години од каде 2012 година замина како најдобар стрелец на Серија А.
Се планира Златан да се врати во Милан во зимскиот преоден рок. Милан се реши за овој чекор од причина што мора да најде јака алтернатива за Хигуаин и Кутроне, ако сака да се врати во Лига на шампионите.
Миланската La Gazzetta dello Sport открива детали дека договорот е финиширан, дека Ибрахимовиќ го чека телефонскиот повик од Леонардо и дека Милан ги прифаќа условите што ги поставил Златан Ибрахимовиќ – хонорар за 6 месеци вреден 2 милиони евра и можност за продолжување на договорот за уште една сезона.