Зидан би го преземал Челзи доколку му бидат исполнети три барања

 

Актуелниот тренер на Челзи Маурицио Сари, е под голем притисок по тешката сезона, а Зинедин Зидан сака да разговара со менаџментот да го замени.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид бара од Челзи гаранција дека нивната ѕвезда Идн Хазард ќе остане во тимот.

На Зидан, исто така, му треба буџет од 200 милиони фунти за да го подобри составот на тимот и да има главен збор во трансферите.

Од извори блиски до Французинот, се дознава дека тој не очекува во скоро време да ја добие работата на Сари, поради тоа што актуелниот тренер сè уште ја има ситуацијата во свои раце.

Доколку Сари не овозможи Челзи да биде меѓу четирите најдобри екипи на крајот од сезоната, најверојатно ќе добие отказ.

Во тој случај главен адут на Челзи би бил Зидан, кој ги освои последните три трофеи на Лигата на шампионите.

 

Претходна Разоткриен е митот за местото на кое се среќаваат два океана
Следна Новак Ѓоковиќ по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот

Награден напис

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Топката со која Марадона го постигна голот со „Божјата рака“ беше продадена на аукција

На аукција во Лондон топката со која Диего Марадона го постигна познатиот гол „Божја рака“ …

Don`t copy text!