Здравствени состојби што можат да се влошат ако јадете патлиџани

  •  

Иако патлиџанот е многу здрав продукт, кај некои лица што имаат одредени здравствени проблеми може да ја влошат состојбата. Во кои случаи е умно да ја намалите или исклучите употребата на патлиџани некое време за да видите дали ќе има промена?

  • Можат да предизвикаат рефлукс на желудочната киселина. Патлиџанот содржи многу состојки што можат да предизвикаат појава на киселина кај луѓе што имаат гастрит и гастроезофагеални рефлексни болести. Дури и ако сте потполно здрави, консумирањето на преголема количина патлиџани и производи од патлиџани може да биде проблем.
  • Кај некого може да предизвика болка во зглобовите. Со оглед на тоа што патлиџанот содржи алкалоид наречен соланин кој создава калциум, неговото таложење може да предизвика воспаление и болка во зглобовите.
  • Бубрежно болните треба да ја дозираат количината на патлиџани. Причина за ова е погоре споменатото таложење на калциум во телото, а богати се и со оксалати-состојка што не се преработува и ако во телото се внесува во големи количини може да ја наруши работата на бубрезите.
  • Можни се алергиски реакции. Патлиџаните содржат хистамин кој го јакне имунолошкиот систем. Алергиски реакции на патлиџани се многу ретка појава и обично се манифестираат со исипување на кожата и отекување на јазикот.
  • Патлиџаните можат да го изиритираат уринарниот тракт. Храната која содржи голема количина на киселина како патлиџаните, можат да ја изиритираат бешиката ако се претера со консумирањето.
  • Конвенционално одгледаниот патлиџан содржи многу пестициди. Претерано консумирање на вака одгледани патлиџани може да биде штетно за организмот, па затоа се советува користење на органски одгледани патлиџани.
Копирањето на содржината е забрането!