За 38 милиони евра Челзи го донесе едниот од најдобрите светски дефанзивци

Челзи донесе уште едно големо засилување по Рахим Стерлинг. Калиду Кулибали стана нов играч на лондонскиот тим.

Колубали (31) со години важи за еден од најдобрите светски дефанзивци, а во Челзи пристигна за 38 милиони евра.

Лондонскиот клуб објави дека потпишал четиригодишен договор со силниот Сенегалец, а тој истакна дека е пресреќен што конечно пристигнал во Челзи.
„Среќен сум што потпишав за Челзи, мојот сон секогаш беше да играм во Премиер лигата. Челзи веќе сакаше да ме доведе во 2016 година, но тогаш трансферот не се случи. Кога ја добив понудата сега, не ми треба долго да го прифатам“, изјави Кулибали, кој истакна дека неговата одлука ја олесниле неговиот соиграч од репрезентацијата на Сенегал, Едуард Менди и неговиот поранешен соиграч од Наполи, Жоржињо.

Кулибали изминатите осум години ги мина во Наполи, за кој забележа вкупно 317 настапи.

Претходна Легендарната атлетичарка Алисон Феликс постави нови рекорди и стави крај на прекрасната кариера
Следна The Dead South – You Are My Sunshine

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!