Кога работите нешто многу важно, на пример разговарате со шефот за новиот проект или зборувате со партнерот, дали некогаш сте почнале да мислите на храна? Не грижете се, тоа е многу честа и нормална појава.
А сте слушнале ли за тврдењето дека мажите помислуваат на секс на секои седум секунди? Всушност, тоа не е баш точно.
И покрај вообичаените стереотипи, мажите не размислуваат за секс постојано, туку само – често. Во студијата спроведена на Државниот Универзитет во Охајо е утврдено дека мажите помислуваат на секс во просек 19 пати дневно, што е на околу секои 50 минути. Тоа го побива митот за седумте секунди. Ако погледнеме пореалистично, секои седум секунди значат околу 8000 сексуални мисли за 16 часа, што е малку веројатно.
Жените пак, од друга страна, помислувале на секс во просек 10 пати дневно.
Истата студија открила дека мажите помислуваат на храна 18 пати дневно, а на спиење 11 пати дневно. Жените, повторно, покажале пониска цифра, со 15 пати дневно помислување на храна, а 8,5 пати на спиење.
Од истражувањето може да се заклучи дека мажите повеќе од жените размислуваат за базичните потреби како што се потребата за јадење, спиење и секс.