Апликациите на ByteDance забележаа големо зголемување на употребата во периодот на пандемијата на Ковид-19.
Технолошката компанија ByteDance со седиште во Пекинг, сопственик на апликацијата „TikTok“, оствари приход од околу 40 милијарди јуани (5,64 милијарди американски долари) во првиот квартал, што е за 130 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, а клучната причина се луѓето кои останаат дома за време на корона криза.
Целните приходи на ByteDance за 2020 година се изнесуваат околу 200 милијарди јуани. ByteDance сака да достигне половина од приходите на ривалот Tencent Holdings, соопштија информирани извори.
Tencent Holdings, водечка кинеска компанија за социјални медиуми и видео игри, објави приход од скоро 377 милијарди јуани во 2019 година.
Најголем дел од приходите на ByteDence доаѓа главно од рекламирање на неговите апликации во Кина, вклучувајќи ја и апликацијата за собирање новости Jinri Toutiao, како и домашната верзија на „TikTok“, велат извори.
Пред ByteDance, на кинескиот рекламен пазар доминираа Alibaba, пребарувачот Baidu и Tencent.
ByteDance неодамна беше проценет на 95 од 140 милијарди американски долари на приватниот пазар на секундарно тргување, соопштија два извори.
Компанијата се обидува да го развие и зголеми приходот на „TikTok“, а минатиот месец го назначи Кевин Мајер, поранешниот извршен директор на пренос на видео записи на Walt Disney, за нов извршен директор на „TikTok“.